📊Фирмите кои даваат брзи кредити со „дебели“ профити

од Nikola Popovski
496 прегледи

Фирмите кои даваат брзи кредити последниве години се доста актуелни кај населението. Овие фирми на граѓаните им нудат полесен, побрз и поедноставен начин да дојдат до потребните финсиски средства отколку преку банкарскиот систем. Со користење на современите технолошки решенија преку компјутер или мобилен телефон, можат да се завршат сите процедури за аплицирање, брзо да се изврши проверка на кредитоспособноста на барателот и во краток рок да се добијат бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена.

Со зголемување на потребата од брзи кредити се зголеми и нивниот број, а растат и профитите на овие фирми. Според податоците од БизнисМрежа.мк најголем вкупен приход во 2021 година остварил ИУТЕ КРЕДИТ од 725,7 милиони денари, зад него е ФИНМАК со вкупен приход од 506,4 милиони денари, потоа следи ФЛЕКС КРЕДИТ со 248,4 милиони денари, на четврто место е КРЕДИСИМО со 173,2 милиони денари и на петто со 46,9 милиони денари е ЕАЗУ ФАЈНАНС.

Во однос на нивната нето добивка на прво место од петте анализирани финансиски друштва е ФЛЕКС КРЕДИТ со 133,4 милиони денари, потоа следат ФИНМАК со 104,6 милиони денари, ИУТЕ КРЕДИТ со 72,8 милиони денари, па КРЕДИСИМО со 42,06 милиони денари и на пето место според нето добивката е ЕАЗУ ФАЈНАНС со 20,1 милиони денари.

ИУТЕ КРЕДИТ ја заокружил годината со најголеми расходи од 621,02 милиони денари, по него според висината на расходите е ФИНМАК со вкупни расходи од 381,4 милиони евра, птоа следат КРЕДИСИМО со 122,2 милиони денари, ФЛЕКС КРЕДИТ со 100,04 милиони евра и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 24,4 милиони денари.

Во 2022 година сситуацијата е слична, односно најголем вкупен приход повторно има ИУТЕ КРЕДИТ од 953,2 милиони денари, зад него е ФИНМАК со вкупен приход од 900,5 милиони денари, потоа следи ФЛЕКС КРЕДИТ со 607,1 милион денари, на четврто место е КРЕДИСИМО со 231,3 милиони денари и на петто со 92,4 милиони денари е ЕАЗУ ФАЈНАНС.

Во однос на нето добивка на прво место од петте анализирани финансиски друштва е ФЛЕКС КРЕДИТ со 295,9 милиони денари, потоа следат ФИНМАК со 236,9 милиони денари, па КРЕДИСИМО со 63,1 милиони денари, ЕАЗУ ФАЈНАНС со 22 милиони денари и на крајот е ИУТЕ КРЕДИТ со 10,4 милиони денари.

Најголеми расходи во 2022 година имал ИУТЕ КРЕДИТ со 899,9 милиони денари, по него според висината на расходите е ФИНМАК со вкупни расходи од 602,8 милиони денари, потоа следат ФЛЕКС КРЕДИТ со 269,3 милиони денари, КРЕДИСИМО со 152,09 милиони денари и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 67,3 милиони денари.

Во 2023 година ситуацијата е следна на прво место по вкупни приходи од 1,2 милијарди денари е ФИНМАК, потоа со 1,1 милијарда денари е ИУТЕ КРЕДИТ, на трето место е ФЛЕКС КРЕДИТ со 950,5 милиони денари, потоа следат М КЕШ со 521,3 милиони денари, КРЕДИСИМО со 279,6 милиони денари и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 152,1 милион денари.

Најголема нето добивка оваа година остварил ФЛЕКС КРЕДИТ од 550,2 милиони денари, потоа следат ФИНМАК со 189,02 милиони денари, па КРЕДИСИМО со 74,2 милиони денари, ЕАЗУ ФАЈНАНС со 30,7 милиони денари, ИУТЕ КРЕДИТ со 30,1 милион денари и на последно место е М КЕШ.

Најголеми расходи во 2023 година имал ИУТЕ КРЕДИТ од 1,1 милијарди денари, по него според висината на расходите е ФИНМАК со вкупни расходи од 969,3 милиони денари, потоа следат М КЕШ со 348,1 милион денари, ФЛЕКС КРЕДИТ со 339,9 милиони денари, КРЕДИСИМО со 189,9 милиони денари и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 116,3 милиони денари.

Во 2024 година најголем вкупен приход остварил ФИНМАК од 1,39 милијарди денари, потоа ФЛЕКС КРЕДИТ со 1,38 милијарди денари, па ИУТЕ КРЕДИТ 1,2 милијарди денари, М КЕШ со 667,7 милиони денари, КРЕДИСИМО со 317,6 милиони денари и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 189,4 милиони денари.

ФЛЕКС КРЕДИТ со нето добивка од 430,8 милиони евра е на врвот на листата во 2024 година, потоа следат ФИНМАК со 308,3 милиони денари, М КЕШ со 123,04 милиони денари, ИУТЕ КРЕДИТ со 122,3 милиони денари, КРЕДИСИМО со 76,08 милиони денари и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 71,9 милиони денари.

Најголеми расходи во 2024 година има ИУТЕ КРЕДИТ од 1,1 милијарди денари, потоа ФИНМАК од 1,01 милијарди денари, ФЛЕКС КРЕДИТ со 863,2 милиони денари, М КЕШ со 506,3 милиони денари, КРЕДИСИМО со 219,5 милиони денари и ЕАЗУ ФАЈНАНС со 109,1 милион денари.

Инаку овие кредити граѓаните најчесто ги користат за покривање неочекувани трошоци за здравство, образовние, за поправки во домот и слично.

Б.С.

Слични содржини