📊Глобалните пазари во бројки: Ова се берзите со најдобри приноси во последната деценија

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Доколку размислувате да станете вистински глобален инвеститор со инвестиции низ целиот свет и се прашувате на кој финансиски пазар да се „пробате“ следно, овој инфографик, кој ги прикажува годишните приноси (изразени во американски долари) помеѓу 15 март 2015 и 2025 година од големите берзи во 30 земји, нудат корисни сознанија.

Податоците се земени од платформата HelloSafe, канадска платформа за споредба на осигурувања.

S&P 500 оствари годишен принос од 17% во текот на 10 години – највисок меѓу главните глобални берзи.

Тоа е речиси петкратен поврат, што значи дека инвестиција од 10.000 долари во 2015 година би вредела речиси 50.000 долари во 2025 година.

Сепак, главните индекси од Бразил, Индија и Виетнам, исто така, забележаа принос помеѓу 12–16%.

Тие лесно ги надминаа берзите во Европа (DAX и FTSE), како и во други делови од Азија (Nikkei).

Слични содржини