📷Фудбалер на Каљари објави фотографија на која се бакнува со своето момче под елка, и посака среќен Божиќ

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Кога во февруари 2023 година јавно излезе и призна дека е хомосексуалец, поранешниот чешки репрезентативец Јакуб Јанкто ја шокираше јавноста, но пред се семејството и пријателите!

Сепак, речиси две години подоцна, Јанкто конечно може да го живее животот без страв од осуда, што го покажа и со својата најнова фотографија.

На Бадник, преку Инстаграм, на сите им ги честиташе празниците – со страстен бакнеж под елката со своето момче Војтех Штулик.

– Ви посакуваме среќен Божиќ – беше неговата честитка до неговите следбеници.

Јанкто моментално е член на Каљари, но досега нема одиграно ниту еден натпревар за оваа екипа од Серија А. Тој беше член на Чешка до 2022 година, а вреди да се напомене дека има четиригодишен син со Маркета Отоманска, со која претходно бил во врска.

– Тоа е приказната на Јакуб, неговата исповед. Горда сум што најде сила јавно да излезе. Можеби некои кои ја завршиле кариерата го признале тоа и претходно. Сите други го чуваат во тајност. Се плашат дека луѓето ќе им стават мета на челото. Кога ми кажа Јакуб, ми даде и многу слобода. Она што сега е важно е да му биде удобно и да биде среќен. Сигурно ќе почувствува олеснување и ништо нема да го изеде одвнатре. Се плашеше дека луѓето нема да го прифатат таков каков што е. Тој беше под стрес поради тоа. Мислам дека луѓето ќе го сакаат исто како и порано. Само треба да биде фин со нив – изјави Маркета по одлуката на Јанкто јавно да признае дека е геј.

Слични содржини