Најмалку пет полицајци загинаа, а најмалку 9 се ранети во нападот што се случи денеска во градот Дербент, Република Дагестан. Меѓу жртвите е и свештеникот Николај Котелников (66), кому напаѓачите му го пресекле гркланот.
Според тамошните медиуми и социјалните мрежи, убиениот свештеник Николај Котелников, протоереј, служел во црквата цели 40 години.
– Според информациите што ги добив, отец Николај бил убиен во црквата во Дербент и му било пресечен гркланот. Имаше 66 години и беше многу болен. Чуварот Михаил бил застрелан во црквата во Махачкала и бил вооружен само со гасен пиштол, изјави претходно претседателот на Јавната комисија за следење на Дагестан, а пренесуваат локалните медиуми и социјалните мрежи.
Министерството за внатрешни работи на Дагестан потврди дека се убиени двајца терористи кои отвориле оган во Дагестан.
Како што објави украинскиот канал „Канал 5“ на платформата „Икс“, напаѓачите кои денеска отворија оган во Дагестан биле забележани како пукаат на улица, додека еден од напаѓачите влегол во полициски автомобил и ги претурал работите.
Дагестан.
В Дербенте перестрелка с полицией.
Неизвестные расстреляли одного полицейского, атаковали церковь и синагогу, где возник сильный пожар.В Махачкале неизвестные обстреляли пост ДПС на улице Ермошкина, на улице Мирзабекова горит авто, загорелось также здание синагоги. pic.twitter.com/Fp0krxOXgh
— Vladimir ☭ (@totalitarizm14) June 23, 2024
Напаѓачите пукале со автоматско оружје кон синагога и црква во Дербент.
„Според информациите од дежурното одделение на Министерството за внатрешни работи на Дагестан, околу 18 часот во Дербент непознати лица пукале од автоматско оружје кон синагога и црква“, соопшти портпаролката на МВР на Дагестан, Гајана Гариева.