📷Падна фасада во центарот на Скопје

од Vladimir Zorba
403 прегледи

Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје. Останатиот друг дел фасада, најгоре од зградата, не се знае со сигурност, но секако е потенцијална опасност за минувачите. За среќа никој не е повреден.

Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна постапка, согласно нивните оперативни процедури за вакви настани.

Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” во близина на Министерство за правда. Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата што почнала да паѓа, се вели во соопштението на ЦУК.

Слични содржини