Во КПУ Затвор Струмица се реализирал несекојдневен настан – законска регистрација на осудено лице кое моментално издржува казна затвор. Овој чин бил спроведен под покровителство на директорот на установата, Зоран Ристов, и заменик-директорката, Наташа Лазарова Донева, во насока на почитување на основните човекови права и обезбедување правна сигурност на сите лица, без исклучок.
Со регистрацијата, лицето се стекна со правен идентитет, што претставува предуслов за користење здравствени, образовни и социјални права, и значаен чекор кон неговата ресоцијализација, информираат од Управата за извршување на санкции.
Од Управата додаваат дека ваквиот чин е резултат на добра координација меѓу затворската управа, стручните служби и релевантните институции, и покажува дека и во пенитенцијарниот систем постои волја за хуманост, инклузивност и правичност.
По официјалниот дел, бил организиран симболичен свадбен ручек за присутните, на кој се служело мени составено од месо, ориз, компир и краставички.