28
Во сообраќајната несреќа што се случи утринава околу 7 часот и 50 минути во Умка на патот Нови Обреновац, во која учествуваа тешко моторно возило и автобус, едно машко лице загина, а 14 лица се пренесени во Ургентниот центар, соопшти српското МВР.
Од Итната помош за Танјуг рекле дека пет лица се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени на одделението за интензивна нега.
Како што дознава „Еуроњуз Србија“, судирот се случил околу 7 часот и 50 минути утрово на новиот Обреновачки пат, во правец кон Белград.
Итната помош на лице место укажала лекарска помош на други повредени лица.
Припадници на МВР се на терен, а сообраќајот се насочува кон патот Стари Обреновац.