📸Ирина Шајк во необичен градник предизвика реакции: Модно промашување или хит?

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Ирина Шајк ужива во Бразил откако се појави на модната недела во Париз. Благодарение на невообичаено дизајнираниот градник што го носеше, таа стана тема на коментари.

Имено, таа на плажа се појави облечена во градник кој изгледаше екстремно надуено. Носеше и велосипедски шорцеви. Својот изглед го комплетираше со залижана фризура и црвен кармин.

Очекувано, на социјалните мрежи имаше бројни коментари за нејзиниот необичен моден избор.

„Градникот изгледа смешно“, „Фотошоп кој тргна наопаку“, „Кога си убеден дека ништо не може да ти ја уништи убавината“, „Вака изгледам кога ќе го земам градникот на баба ми“, се дел од коментарите.

Градникот е дел од колекцијата пролет/лето 2025 на Дуран Лантинко.

Освен фотографии од Бразил, Шајк објави и поглед од атмосферата од Милано. Таа прошета на пистата за брендовите Tod’s, Dolce & Gabbana и Blumarine претходно оваа недела.

Слични содржини