130
Во рускиот напад утринава врз Киев, едно лице загина, а десет лица се повредени. Русите рано утринава погодија неколку локации во главниот град на Украина, а низ градот одекнаа експлозии и пожари.
Според украинските власти, Русите истрелале осум Кинжали и Искандери во Киев околу 7 часот по локално време.
„По непријателскиот напад две лица се хоспитализирани, а во четири делови од градот паднаа урнатини. Уништени се згради и возила“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
„Насекаде има спасувачки служби“, рече Кличко.
Според извештаите на медиумите, експлозиите низ градот дошле веднаш откако властите издале предупредување за воздушен напад, истакнувајќи дека ракетите доаѓаат од север.