📹Кучето на Кевин Костнер стана вирално, причината ќе ве насмее

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Интересно видео во кое главна улога нема познатиот актер Кевин Костнер, туку неговиот Лабрадор Боб, ги освои срцата на милиони корисници на TikTok за само неколку дена.

На снимката се гледа како Костнер седи во фотелја и работи на лаптоп, додека неговото куче Боб држи празен сад со храна во устата и упорно бара уште една порција, иако актерот го хранел пред помалку од еден час.

„Дали си гладен? Знам, но се трудам да работам. Освен тоа, те нахранив пред 45 минути“, му вели Костнер на кучето, кое зјапа во него и кружи околу фотелјата.

@kevincostner

Bob gets what Bob wants…

♬ Funny – Gold-Tiger

„Боб, навистина те нахранив. Шетањето наоколу како просјак нема да ти помогне“, продолжува Костнер низ смеа, со што им стави до знаење на гледачите колку вешто Боб „манипулира“ со ситуацијата.

Слаткиот момент, кој беше објавен пред четири дена на официјалниот TikTok профил на Костнер, веќе е прегледан речиси девет милиони пати и има повеќе од 740 илјади лајкови.

Слични содржини