📹РУСИ РАКЕТИРАА ХОТЕЛ СО НОВИНАРИ ОД АМЕРИКА И БРИТАНИЈА! Двајца повредени, трет e под урнатините

од Vladimir Zorba
157 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео за кое се вели дека е снимено по синоќешниот руски ракетен напад врз хотел во украинскиот град Краматорск во Донбас.

„Киев пост“ објави дека таму се ранети двајца новинари, а локалните власти соопштиле дека и трет новинар исчезнал под урнатините.

Вадим Филашкин, шеф на воената администрација на регионот Доњецк, на Телеграм објави дека хотелот бил конкретно цел на рускиот напад на Краматорск.

Новинарите кои се жртви на напади се од Украина, САД и Велика Британија.

Краматорск е последниот голем град во Донбас кој сè уште е под украинска контрола.

Се наоѓа на околу 20 километри од линијата на фронтот.

Пред почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Краматорск имал околу 150.000 жители и оттогаш е цел на бројни напади.

Слични содржини