📹Тренер во Италија полуде, нападна фудбалер на теренот

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Необична сцена посведочија навивачите на натпреварот од италијанската Серија Ц, третото ниво на италијанскиот фудбал, каде се сретнаа Триестина и Џана Ерминио.

Триестина, некогашниот член на Серија А, тоне се подлабоко и го загуби овој натпревар со резултат 1:0, а „капак“ на се’ беше и тоа што од 34. минута играше со играч помалку.

Тогаш црвен картон доби Летонецот Рајмондс Кролис, а тренерот на Триестина, Пеп Клоте, целосно полуде поради неговиот непромислен потег.

Клотет се нафрли на Кролис додека тој го напушташе теренот, во налет на бес го фати за дресот и го тресеше десет секунди. Летонецот не одговори и само чекаше тренерот да го заврши тоа што го планираше, а потоа отиде во соблекувалната.

Триестина е последнопласираната екипа на табелата во Серија Ц со само шест бодови од 14 одиграни натпревари и извесно е дека ќе испадне во четвртиот ранг на италијанскиот фудбал.

Слични содржини