Претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борци од Народно ослободителната и антифашистичка војна на Македонија (НОАВМ) 1941-1945, Никола Стојановски преку видео обраќање денеска ја изрази својата поддршка за актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски за втор мандат.
Во излагањето, тој потенцира дека Пендаровски е „извонреден човек кој ѝ е потребен на државата“.
„Тој претставува извонреден човек и потребен ѝ е на државата. Работи, ги врши сите работи што треба да ги води како раководител и дел од раководството на државата“, вели Стојановски.
На прашањето дали Пендаровски ги обединува граѓаните, Стојановски наведе дека тој успева во тоа и затоа заслужува да продолжи да ја врши функцијата претседател на државата.
Д-р Никола Стојановски е учесник во НОБ и првиот претседавач на македонското собрание.