📽 ПРВИ СНИМКИ од разорниот земјотрес во Кина, загинаа најмалку 118 лица

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди оддалечената планинска област на северниот раб на кинеската висорамнина Кингхаи-Тибет, нешто пред полноќ во понеделникот, при што загинаа најмалку 118 луѓе, а стотици беа повредени, објавија кинеските државни медиуми.

На социјалните мрежи се појавија видеа кои го покажуваат моментот кога почнал земјотресот.

Надлежните ангажираа бројни служби за итни случаи кои работат во отежнати услови поради температурите под нулата.

Голем дел од Кина се бори со ниските температури во студениот бран што ја зафати земјата.

Земјотресите се чести во западните провинции како што е Гансу на источната граница на Кингхаи-Тибетската висорамнина, тектонски активна област.

Слични содржини