379
Во април минатата година, познатиот актер Роберт Де Ниро го доби своето седмо дете на 80-годишна возраст, а сега за првпат покажа како изгледа малата Гиа.
Тој позираше со десетмесечната наследничка, а на видеото можете да видите како ја гали и ја држи за образ.
„Таа е преслатка“, коментира актерот во интервјуто за People објавено минатата среда, смеејќи се на необичната динамика во неговото семејство откако го пречека седмото дете на 80-годишна возраст.
Тој исто така опиша како неговите деца го коментираат бебето, но и неговите внуци.
„Сите деца се многу ентузијастични за неа. Дури и внуците. Таа им е ‘тетка’, а наскоро ќе станат тинејџери“, воодушевено изјавил актерот.