Истражителите на рускиот центар „Досие“, зад кој стои бизнисменот и противник на Кремљ, Михаил Ходорковски, објавија видео од тајниот имот на рускиот претседател Владимир Путин во Карелија, република во северозападниот дел на Русија, покрај границата со Финска. Ова е првпат имотот да биде детално снимен од почетокот на неговата изградба пред 10 години.
„Тајната северна резиденција на Путин во Карелија навлегува во се повеќе заштитени подрачја, а нејзината територија е двојно поголема од Монако“, објави на платформата Х Антон Герашченко, поранешен советник на министерот за внатрешни работи на Украина.
За вилата на Путин во Карелија се знае уште од 2016 година, но досега немаше детални фотографии и снимки од неа.
Пред повеќе од десет години, пријателите на Путин милијардери од Санкт Петербург, меѓу кои и Јуриј Ковалчук, почнаа да ја градат резиденцијата. Мештаните велат дека тој се појавува таму барем еднаш годишно, по посетата на манастирот Валаам.
Новинарите на „Досие“ велат дека Путин го обожава крајниот север на земјата, и дека овој имот се наоѓа на само 30 километри од границата со Финска.
Putin's secret Northern Residence in Karelia is encroaching on more and more protected lands, and its territory has already doubled that of Monaco.
Investigators of the Dossier Center managed to have a look at the renovated interiors of "Putin's dacha" in Karelia 10 years after… pic.twitter.com/8zk2mtexlX
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 30, 2024
Медиумите за имотот дознале во 2016 година, а Путин добил сосед четири години подоцна – во 2020 година. На четири километри од неговиот „рај на земјата“ изградена е вила, спа центар, ресторан, пристаниште, а сопственик е уште еден олигарх – Роман Абрамович.
Според објавените документи, површината на резиденцијата е околу еден квадратен километар, но имајќи ги предвид затворените шуми и заливи, вистинската површина е околу четири квадратни километри.
Водопадот Марџалахти, кој е висок четири метри, би требало да биде дел од националниот парк, но пристапот до него е ограничен со ограда со бодликава жица и деноноќно обезбедување.
Во околината има три објекти – колиба за рибари, штала и градина. Сепак, тие не изгледаат како колиба или штала, туку се грандиозни и направени во модерен стил.
Во близина на една од куќите има насип кој е изграден по почетокот на војната во Украина. Новинарите претпоставуваат дека таму е поставен противвоздушниот систем Pantsir-S1 за заштита на Путин. Има и два хелиодрома, неколку пристаништа, фарма, дури и стадо крави за производство на говедско месо.