303
Израелската разузнавачка служба Шин Бет идентификуваше тројца убиени терористи кои нападнаа контролен пункт на Западниот Брег јужно од Ерусалим.
Во нападот раниле шест лица, изјави Шин Бет и додаде дека се членови на Хамас од Хеброн, објави „Тајмс оф Израел“.
Двајца од тројцата убиени се идентификувани како Абед ел-Кадер Кавасма (26), син на Абдалах Кавасма, шеф на военото крило на Хамас во Хеброн, кој беше убиен во 2003 година, и Хасан Мамун Кафиша (28), член на Хамас чиј вујко бил член на Хамас и протеран во Турција во 2011 година.
Шин Бет објави дека сè уште не ја завршил идентификацијата на третиот терорист, но палестинските медиуми го идентификуваа како Насер Кавасме, пренесува „Танјуг“.