📽 Украинците извршиле ракетен напад врз трговски центар во Белгород, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
250 прегледи

Најмалку четири лица загинаа во украински ракетен напад врз градот Белгород на југот на Русија, објавија во четвртокот руските медиуми, објавувајќи видео од местото на настанот, пренесува „Ројтерс“.

Руската државна новинска агенција РИА Новости објави дека бил погоден трговски центар. Дописникот на телевизијата „Ѕвезда“ во сопственост на министерството за одбрана јави дека во близина на трговскиот центар „Магнит“ загинале шест лица.

На видеото кое го објави „Ѕвезда“, се гледаат лекари од итната помош како трчаат да им помогнат на повредените.

Белгород и околниот регион често беа на удар за време на војната. Руските власти соопштија дека во најголемиот од нив на крајот на декември биле убиени 25 цивили.

Руското министерство за одбрана објави дека неговите системи за противвоздушна одбрана собориле 14 украински ракети над регионот Белгород. „Ројтерс“ не можеше независно да го потврди овој извештај.

Слични содржини