📽Делови од Австрија оковани од снег, снежна покривка и до еден метар

од Vladimir Zorba
2,1K прегледи

Делови од Австрија беа покриени со снег, а повеќе од еден метар снег падна на надморска височина над 1.400 метри, објави австрискиот весник Хојте.

„Она што во низините се дожд и поплави, на надморска височина над 1.400 метри, како што е Обертауерн, падна метар снег“, пишува австрискиот весник во саботата навечер.

Како што почна да паѓа ноќта, снег падна и во пониските предели, веќе на височини од 500 метри, додека во повисоките планински предели на Алпите затрупа автомобили и ги затна премините пред приватни куќи.

Снег паѓа и во повисоките делови на Швајцарија.

Со оглед на тоа дека во следните неколку дена се предвидува невреме, австриската влада им препорача на граѓаните да не патуваат во одредени области доколку не е потребно, а можно е на некои места снежната покривка да биде и до два метри.

Слични содржини