🔎АРХИВА ЛОКАЛНО Димковски за скандалот со ИПАРД: „Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата“

При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени…

од Vladimir Zorba
109 прегледи Фото: Фејсбук/Креатива Локално

Гледаме како политичарите радо зборуваат за ниската доверба во судството, а колкава е довербата во политичарите кои извршуваат јавни функции…При ваков скандал кој ви се случува во ресорот, а вие како министер да кажувате дека Агенцијата не е дел од министерството, а сите програми за спроведувањеи исплата во Платежна агенција и исплата ги носи министерството, да блиски луѓе од кабинет ви бидат опфатени во истрагата и притворени… Се поставува прашањето дали сегашниот министер може да влијае на истрагата и во најмала рака заради јакнење на довербата на политичарите спрема граѓаните треба да си поднесе оставка, вели екс-министерот за земјоделство и претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ, Трајан Димковски за Локално“ по скандалот со злоупотребите и стопирањето на исплатата за ИПАРД 3 програмата.

Димковски истакнува дека домашното производство на храна кое се извезува, половината од тоа завршува на европскиот пазар и затоа Европската комисија сака да опремата за модернизација која се инвестира да е од земјите членки во ЕУ и да нивните граѓани имаат поконкуретни цени и со стандарди за производство на храна која гарантира квалитет и здравствено исправни производи.

На прашањето што значи времен прекин за ИПАРД програмата и што се влегува во стопирање на ИПАРД, соговорникот за „Локално“ објаснува дека тоа значи дека сите завршени проекти кои се во фаза на контрола пред исплата, се стопираат. Како што додава, тука имаме фирми во зависност од инвестицијата кои го инвестирале целиот износ на проектот преку вложување на свои пари, заеми или кредити и чекаат на исплата.

Целиот разговор со Димковски, кој беше објавен пред две недели, прочитајте го на следниот линк!