И велешките средношколци утре на протестен марш

од Vladimir Zorba
89 прегледи
И Средношколски пленум од Велес ќе се приклучи на протестните маршови на средношколците против измените во образованието, кои според младите се многу штетни.  Одлуката велешките средношколци ја донеле вчеравечер, и тие утре ќе маршираат во центарот на Велес.Уште синоќа, по креирањето на настанот на фејсбук страната, се рашири информацијата дека директорите уште вечерта се ангажирале да го спречат средношколското излагање,објавуваат велешките средношколци.

10428100_1625259567703733_521380586553372495_n

 

Собирното место е повторно киоск „Авона“ во 12.15 часот, па ќе се маршира по главната улица „Благој Ѓорев“ се до плоштад „Сармаале“, каде ќе се одржат повеќе говори.

„После одбиените барања од страна на МОН, време е да се собереме во што поголем број со цел да го искажеме нашиот револт кон лошите реформи! Бараме враќање на стариот концепт на матура и мирување на законот за екстерно тестирање. Време е да го отфрлиме туѓото влијание бидејќи образованието ни припаѓа нам! Да им се придружиме на другите градови и да не дозволиме да го уништат образовниот систем за нас и за идните генерации! Затоа дојдете и придружете се!“, порача пленумот.

unnamed(40)

 

Слични содржини