ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).
2 Струмица, 3 Скопје-Петровец, 7 Битола, 9 Скопје-З.Рид, 11 Крушево, 13 Тетово, 14 Берово, 17 Лазарополе, 18 Ѓуриште, 22 Пожаране, 35 Маврово.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-1 Скопје-Петровец, 1 Тетово, Куманово, Скопје-З.Рид, 2 Кр. Паланка, Берово, Струмица, 3 Маврово, Лазарополе, Пожаране, 4 Крушево, Битола, 5 Гевгелија, Ѓуриште, 6 Претор, Штип, Виница, 7 Дебар, 8 Охрид, Тополчани, Д. Капија, Прилеп, Дојран.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.
1 Куманово, Виница, Дојран, Скопје-Петровец, 2 Ѓуриште, Кр. Паланка, 3 Крушево, 4 Скопје, Претор, 7 Охрид, 10 Пожаране, 13 Тетово, 16 Дебар, 21 Лазарополе, 31 Маврово.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Во текот на ноќта и изутринава времето беше претежно облачно, на места со повремени врнежи од дожд, кои беа поинтензивни во западните делови. Само во Скопската и Полошката Котлина се задржа магливо со намалена видливост и до 50м. Утрово во Полошката Котлина видливоста е зголемена. Дуваше слаб до умерен јужен, а во западните делови, особено на повисоките места и засилен југозападен ветер (Лазарополе, Тополчани околу 60км/час).
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
Променливо облачно со сончеви периоди, во утринските и раните претпладневни часови со повремени врнежи од дожд, особено во западните и југоисточните делови. На високите планини со повремен слаб снег. По котлините долж Повардарието претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови и засилен ветер, претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.
Скопје
Претпладне магливо со слаб дожд, во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максимална температура до 7 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
И утре по котлините долж Повардарието ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 л/м2, а во источните локално и околу 20 л/м2. Можна е и ретка појава на грмежи. Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.