ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).
3 Тополчани, 5 Кр. Паланка, 8 Струмица, Скопје- Петровец, 9 Д. Капија, 12 Скопје-З.Рид, 16 Битола, 17 Тетово, Берово, 25 Крушево, 36 Лазарополе, 37 Пожаране, 38 Ѓуриште, 58 Маврово.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-10 Берово, -8 Тетово, -7 Скопје Петровец, -6 Струмица, -5 Куманово, -4 Скопје-З.Рид, Штип, Кр. Паланка,, -3 Тополчани, Пожаране, -2 Претор, Лазарополе, Виница, Прилеп, Д. Капија, Битола, -1 Ѓуриште, 0 Дебар, Охрид, Гевгелија, Крушево, 1 Маврово, 2 Дојран.
МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА
Променливо облачно со магла во повеќе котлини каде хоризонталната видливост е ограничена од 200 до 500 метри. Во повисоките места дува слаб јужен ветер
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе се задржи магливо и со ниска облачност. Попладне во крајните западни делови ќе има услави за слаб локален дожд. Ќе дува слаб јужен ветер Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Скопје Умерено облачно со слаба магла. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време. И утре само во крајните западни делови ќе има слаб локален дожд. Во сабота и недела на повеќе места ќе има повремен дожд со слаб, а во западните делови со умерен интензитет. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурата ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка. Нов влажен бран се очекува во понеделник кон крајот на денот.