12. ден Избори 2016 – Кој каде е денеска

од Vladimir Zorba

 

Продолжуваат средбите, митинзите и агитациите на партиите за гласање на претсојните предвремени парламентарни избори 2016

15193475_10154863871842932_852767814527715045_n

Партиите и коалициите кои со свои кандидати учествуваат на претстојните парламентарни избори денеска на 12-тиот ден од изборната кампања ќе ги претстават своите програми на средби со граѓани и на митинзи низ државата.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинзи во Свети Николе и во Штип, а коалицијата „За живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе има митинзи во Валандово и Гевгелија.kocani-3

Коалицијата за промени и правда согласно нивната изборна агенда треба да одржат митинг во Гевгелија.

Демократската партија на Албанците организира митинг во тетовско Желино, а Алијансата за Албанците ќе има митинзи во Долнени и Кичево.

Слични содржини