-13 Тетово, -11 Скопје Петровец, -10 Маврово, -8 Скопје, -7 Берово, -6 Куманово, -4 Виница, Крушево, Битола…

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

2 Штип, 3 Прилеп, 4 Претор, 5 Тополчани, 8 Кр. Паланка, 10 Струмица, 14 Скопје Петровец, 16 Скопје, 17 Д. Капија, 21 Тетово, Берово, 23 Битола, 28 Крушево, 38 Лазарополе, 40 Пожаране, 43 Ѓуриште, 64 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-13 Тетово, -11 Скопје Петровец, -10 Маврово, -8 Скопје, -7 Берово, -6 Кр. Паланка, Куманово, Пожаране, -4 Виница, Крушево, Лазарополе, Битола, -3 Дебар, Штип, Тополчани, Ѓуриште, Д. Капија, -2 Прилеп, -1 Претор, Струмица, 1 Охрид, Гевгелија, 2 Дојран.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

2литра во Претор.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на изминатата ноќ како и утринава насекаде во земјава преовладува променливо облачно и претежно тивко време. Во крајниот јужен дел,  односно во Претор има повремен слаб снег.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно и претежно тивко.  По одделни котлини ќе има ниска облачност и слаба магла. Во текот на денот ќе има намалување на облачноста особено во северните делови на  земјава.

 

Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди,  но и со појава на слаба магла. Температурата ќе достигне до околу 2 степена.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво, односно ќе преовладува променливо облачно со сончеви и со појава на магла по котлините и по речните долини. В четврток и в петок ќе има зголемување на облачноста со услови за локален дожд. Температурата  на воздухот ќе има тенденција на пораст.

Кон крајот на неделава ќе има значително затоплување а тоа се очекува да предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Слични содржини