Многу Американци сметаат дека војна со Северна Кореја ќе биде како инвазијата во Ирак или Авганистан , или како воени операции во Либија и Сирија, рече тој и појасни дека нема да има ништо слично при конфликт со Пјонгјанг.
Според него, пресметките на Пентагон покажуваат дека 20.000 луѓе ќе загинат за еден ден во конфликт во Јужна Кореја.
Гивнс додаде дека војната може да почне, ако севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун истрела ракета и таа падне во близина на американската територија Гуам. Тогаш американските бомбардери ќе реагираат со воздушните напади на локациите на севернокорејскиот брег.
Министерството за одбрана на САД одржа симулации, за да најде “четири или пет начини за решавање” на конфликт со Северна Кореја, според советникот на Белата куќа за национална безбедност Херберт Макмастр.