1,2K
И покрај нашето излагање дека немаме никаква врска со никоја политичка партија и се бориме само за нашите права како средношколци,некои поединци се обидуваат сето наше залагање да падне во вода со тоа што пишуваат постови кои средошколскиот одбор и средношколскиот пленум не ги подржува односно вмешуваат политика, порачуваат до јавноста од средношколскиот пленум

Драги медиуми,би сакале следниве слики да бидат објавени на вашите портали со цел да се даде до знаење дека ваквите уцени и ваквиот притисок не доаѓа во обзир и не е дозволено но истовремено што повеќе добиваме вакви материјали нашиот стимул за постигнување на нашата цел е се поголем.
Имено постот е објавен во тајна група на третта година во училиштето СОУ “Кирил и Методиј” Неготино каде што сегашната претседателка на генерацијата врши притисок врз учениците да не испаднат на протест и да си искажат своите ставови. Тоа го прави со закана дека матурската екскурзија коа е наменета за трета година нема да се оддржи доколку учениците испаднат на протест и им наметнува мислење дека протестите кои се вршат на ниво на целата република се дело на опозициската партија СДСМ.
За поконкретни докази,ви го испраќаме следниов материјал: