Никогаш не ни беше дозволен пристап до Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за да го провериме нивното работење, тврдат за БИРН двајцата поранешни претседатели на собраниската комисија за надзор над УБК, Тито Петковски и Горан Минчев кој, во еден период, беше и претседател и на комисијата за следење на комуникациите.

download

Реакциите следуваат откако на денешната прес конференција, лидерот на СДСМ Зоран Заев објави „ексел“ документи со кодни имиња и телефонски броеви што биле прислушувани, како и аудио разговори кои наводно се водат меѓу директорот на УБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Со години наназад на никој не му било дозволено да врши надзор над работата на управата, потврдува  Горан Минчев, кој претседаваше и со комисијата за следење на комуникациите и со комисијата зад надзор над УБК.

„Прво, не ни даваа безбедносни сертификати. Точно седум месеци чекав безбедносен сертификат за воопшто да имам право да извршам надзор. Второ, извештајот за работата на УБК ни стигна со 8 месеци задоцнување, а директорот на УБК Мијалков ниту еднаш не се појави на седница да даде отчет за трошењето на парите. Од неговиот заменик побарав детали за финансиското работење, ми ги вети, но никогаш не ми ги достави“, вели Минчев за БИРН.

Иако законот беше донесен, никој од надлежните не успеа да влезе во УБК за да види како се работи и дали се злопутребуваат посебните истражни мерки. За ова сведочи и Тито Петковски, поранешниот претседател на комисијата за надзор над УБК. Во 2011 и 2012 година, тој бараше од министерката Јанкулоска точни информации за примената на посебните истражни мерки врз Љубе Бошкоски, поранешниот лидер на „Обединети за Македонија“.

„Прво не ми дозволија. Потоа ескивираа и не ми дозволуваа да влезам, бараа мнозинство. На крај, од министерката добив одговор дека може да дојдам, но кафе да пиеме, бидејќи врз Бошкоски не биле употребени посебни истражни мерки. Јас тој одговор го имам на писмено. А потоа произлезе дека врз Бошкоски биле употребени посебни истражни мерки. Не дознавме ниту од кој датум потекнуваат, ниту пак кој и кога ги издал“, вели Петковски.

Целиот текст прочитајте го тука

Слични содржини