ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).
2 Тополчани, 5 Струмица, 8 Д. Капија, 11 Скопје, 13 Битола, 15 Тетово, Берово, 19 Крушево, 24 Ѓуриште, 30 Лазарополе, Пожаране, 44 Маврово.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ
-3 Струмица, Скопје, -2 Штип, Берово, -1 Гевгелија, Куманово, 0 Кр. Паланка, Тетово, Д. Капија, 1 Битола, Дојран, 4 Лазарополе, Крушево, Виница, Ѓуриште, Пожаране, Маврово, Прилеп, 6 Претор, Тополчани, 7 Дебар, Охрид.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.
1 Маврово, 3 Лазарополе.
ВРЕМЕТО УТРИНАВА
Во Скопско, Струмица и Д. Капија има магла утрово, а исто така и во дел од Пелагобија. Низ земјата е променливо облачно, на запад во Лазарополе со слаб дожд. Дува слаб преежно јужен ветер.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Променливо облачно, со повремен дожд претежно во западните делови и на североисток. На високите планини во северозападниот дел од земјава со услови за повремен снег. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Температурата во интервал од 5 до 13° С.
Во Скопје наутро и претпладне со магла, а преку денот ќе биде променливо облачно, со услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Температурата до 7° С.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со појава на магла претпладне по котлините и речните долини. Ќе има повремен слаб локален дожд претежно во западните делови на земјава. Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе почне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат, на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините. До понеделник ќе се задржат повисоки дневните температури и ќе има позначајно топење на снегот.