-5 Берово, -3 Струмица, Д. Капија, Скопје -2 Куманово, Битола, Тетово…

од Vladimir Zorba

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во16 8 часот).

18 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-5 Берово, -3 Струмица, Д. Капија, Скопје Петровец, -2 Куманово, Битола, Штип, Кр. Паланка, Тетово, -1 Скопје, Лазарополе, Гевгелија, 0 Крушево, Виница, Прилеп, Претор, 1 Пожаране, Маврово, 2 Ѓуриште, Охрид, Дојран, 3 Тополчани, Дебар.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на изминатата ноќ  преовладуваше променливо облачно а наместа и ведро време, што овозможи на некои места пад на утринските температури.

По одделни котлини после полноќ се создаде појава на магла. Дува слаб ветер претежно од јужен правец, но повеќе е изразен на повисоките места и на планините.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Претпладне по котлините ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот  ќе биде променливо облачно, во западните и северозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините ќе поминуваат во снег. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 9 до 14 степени.

 

Скопје, сончево со мала  до умерена облачност, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 12 степена.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

В недела ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во северозападните делови со повремен снег. Интезитетот на врнежите ќе биде слаб до умерен, локално околу 10 л/м2. Ќе преовладува релативно топло време, благо опаѓање на дневнaтa температурa ќе има в недела и в понеделник.

 

Слични содржини