-8 Тетово, -7 Битола, -6 Кр. Паланка, -5 Пожаране, -4 Прилеп, Претор, Крушево, -3 Маврово…

од Vladimir Zorba
96 прегледи

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

3 Тополчани, 5 Кр. Паланка, 9 Скопје Петровец, 10 Струмица, 12 Д. Капија, 15 Скопје, 17 Битола, 19 Тетово, Берово, 26 Крушево, 36 Лазарополе, 39 Пожаране, 40 Ѓуриште, 63 Маврово.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-8 Тетово, -7 Битола, -6 Кр. Паланка, -5 Пожаране, -4 Прилеп, Претор, Крушево, -3 Тополчани, Маврово, Ѓуриште, Лазарополе, -2 Д. Капија, Охрид, Куманово, Дебар, -1 Штип, Виница, Берово, Скопје, 0 Струмица, Скопје Петровец, 2 Дојран, Гевгелија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта во поголемиот дел од земјава преовладуваше облачно и тивко време, по одделни котлини со ниска облачност и магла, а во Полошката котлина со магла и намалена видливост до 500 м. И на некои повисоки места имаше ниска облачност со намалена видливост до 200 м. На североисток како и во југозападните делови беше ведро со мала облачност. Утринава во североисточните делови е сончево со мала до умерена облачност,  во останатите делови облачно. По одделни котлини има ниска облачност и магла, а на некои повисоки места има ниска облачност со намалена видливост од 50 до 200 м.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб јужен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 2 до 8 степени.

Скопје Променливо облачно со сончеви периоди и со појава на утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер. Највисоката температуа на воздухот ќе достигне до 4 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, по котлините со појава на магла. Во петок во западните делови ќе има слаб локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд со слаб, а во западните делови повремено умерен интензитет. Температурата на воздухот ќе има тенденција на пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Слични содржини