Aхмети и Села вечерва ќе седнат заедно да го разгледуваат документот на Заев

од desk2

Али Ахмети вечерва заедно со на Зијадин Села ќе му го презентира документот доставен од Зоран Заев, потврди Арбен Таравари од ДР-ДПА, информира ТВ21.

Демократската унија за интеграција веднаш ги почнува консултациите со албанските политички партии откако во текот на вчерашниот ден во партиското седиште во Мала Речица пристигнала пратката од Бихаќка.

Средбата Ахмети и Села се очекува да биде одржана во штабот на Движењето за реформи – ДПА во Тетово. Засега во голема тајност се крие содржината напишана во документот кој лидерот на ДУИ го бараше од првиот човек на СДСМ, но извори од Бихаќка за ТВ 21 велат дека документот овозможува брзо и непречено собирање на потписите потребни за формирање на влада предводена од Заев. Од таму велат дека не доставиле никаков рок до интегративците ДУИ кога треба да се изјаснат по документот но немаат очекувања дека Ахмети ќе има забелешки за истиот.

Извори од БЕСА велат дека на нивна адреса се уште нема покана од Демократската унија за интеграција, но и да пристигне тие остануваат на ставот дека нема да седнат на заедничка маса со Али Ахмети.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини