Албанските партии во Тирана договориле кој да го води Парламентот

од Vladimir Zorba

На денешната средба во Тирана на  премиерот Еди Рама и лидерите на партиите на Албанците во Македонија ,  кои учествуваа на изборите  од 11 декември, се договорила целосна стратегија за  настап и за утрешната констутивна седница  на новиот македонски парламент, но и стратегија за идната влада и можни колицирања.

Како  што дознава Локално.мк , утре на претседателот на заминување Трајко Вељановски и неговата партија, нема да им се посреќи да го задржат кабинетот до формирање на новата влада, ниту пак  тој да преседава со целиот тек на седницата.  Извори од Тирана кои присутвувале во овие разговори посочуваат дека е неприфатливо Трајко  и челниците  на Груевски да ја злоупотребуваат таа висока  позиција, особено кога мнозинството на партиите воопшто не е на страната на ВМРО ДПМНЕ.

За утре се очекуваат сериозни опструкции на седницата  до колку ВМРО ДПМНЕ остане тврдо на позициите тие да си тераат по свое водење на конститутивната седница, што може да предизвика и итен избор на претседател на Собранието на РМ како и потпретседатели на парламентот во договор со сите опозициони партии.

Други детали засега не се откриваат која е целосната стратегија за која прецизно издогпварале челниците на Албанците од Македонија и албанскиот премиер Еди Рама.

поврзани вести:

(ВИДЕО)АЛБАНСКИТЕ ПАРТИИ КАТЕГОРИЧНИ-НЕМА КОАЛИЦИЈА СО ГРУЕВСКИ

Слични содржини