МВР  по консултациите со Јавен обвинител, Единицата за насилен криминал,  за нападите врз лицето Тодор Петров , ќе поднесат кривична пријава против трите лица поради сомневање дека извршиле кривично дело насилство. За ова дело казните се од 6 месеци до 5 години затвор.
asani-bedziti-41512

Шефот на чаирскиот разгранок на ДУИ, Беќир Асани, вчера од МВР добил кривична пријава, бидејќи бил еден од тепачите на Тодор Петров, донатор на големиот крст во Бутел.

Асани вчера, иако бил повикан, не дошол на распит во полиција. Пред полицијата не се појавил ниту функционерот на ДУИ, Исмет Гури, на јавноста познат по случајот „Титаник“, во кој Специјалното јавно обвинителство го товари за изборни нерегуларности во Чаир. Според полицијата, кривични пријави за нападот врз Петров добиле и Бесник Ејупи и Ејуп Адеми, додека на распит биле викнати советникот во Град Скопје од ДУИ, Ќемал Муслиу, Екрем Буњаку, односно вкупно девет лица, сите од Скопје.

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Демонстрантите на ДУИ ги урнаа тарабите и поставија шатори, запалија и палма

Официјалноит извештај на МВР гласи вака :

На 03/03/2016 година во ПС ОН „Бит Пазар“ беа повикани лицата Ќ. М. (64), Е. Б. (55), А. А. (53), И. Г. (52) и Б. А. (41), Е. Б. (32), А. Е. (37), Б. Љ.  (28) и Х. А. (34) сите од Скопје. На поканата не се јавија само А. Б. и И. Г..

Во извршените разговори со лицата, истите изјавија дека на 27/02/2016 година биле присутни во угостителскиот објект, каде се случи кривично правниот настан.

Истиот ден во ПС ОН „Бит Пазар“ во присуство на Јавен Обвинител беше извршено соочување помеѓу оштетениот и лицата Е. Б. (32), А. Е. (37), Б. Љ. (28) и Х. А. (34).  При тоа, од страна на оштетениот лицата Е. Б. и А. Е. беа посочени како лица кои биле во групата која физички го нападнала на  27/02/2016 година во угостителскиот објект „Казабланка“ заедно со лицето А. Б..

По извршените консултации со Јавен Обвинител, Единицата за насилен криминал, во текот на денот, ќе поднесе кривична пријава против Е. Б., А. Е. и А. Б. поради основано сомневање дека се сторители на кривично дело „Насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Исто така, по дадена насока од ЈО Е.Б.  и А. Е.  се лишени од слобода, па ослободени со обврска во текот на утрешниот ден да се јават  кај Јавниот обвинител, се вели во  информацијата на МВР

ДУИ иако деновиве избегнуваа да дадат одговор во врска со тепачката сепак денеска излегоа пред општина Бутел да порачаат дека ќе ги искористат сите правни и демократски алатки за попречување на оваа одлука. Велат не биле консултирани и немаат ништо против крстот како верски симбол туку против неговото користење за како што велат политички цели и провокации. Со ова велат се суспендира не само бадентеровиот принцип туку и Охридскиот договор.

Албанска народна музика ечи во Бутел кај што се протестира

Од МВР соопштија дека по консултациите со Јавен обвинител, Единицата за насилен криминал, ќе поднесат кривична пријава против трите лица поради сомневање дека извршиле кривично дело насилство. За нападот врз Петров, Асани може да добие затворска казна од 6 месеци до 5 години. Лицата потврдиле дека биле во ресторанот. Чаирскиот градоначалник Изет Меџити иако бил присутен на настанот, не бил повикан на распит во МВР.

Слични содржини