129671

Пратеникот Артан Груби, министерот за образование Абдулаким Адеми и пратеникот Талат Џафери во моментов на просторот каде што треба да се гради крстот во Бутел, заедно со демонстрантите, на разглас пуштаат народна албанска музика, јавува Новатв.мк

Изборот на песни на пратеникот Груби е поздравуван со громогласни аплаузи од присутните демонстранти. Претходно, демонстрантите насилно го разурнаа оградениот простор, го затрупаа камен-темелникот и запалија една од веќе поставените палми.

За време на протестот, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, рече дека не се работи за политички протест туку било револт против верската поделба, односно како што рече тој, местото на крстовите и минарињата е во верските објекти а не на сред улица.

Слични содржини