Аце Коцевски кандидат за градоначалник на Велес

од Vladimir Zorba
153 прегледи

 

Почитувани фб пријателки и пријатели, драги велешанки и велешани,


Како што прилега, официјално, Ве известувам дека прифатив да бидам кандидат за градоначалник на Велес на коалицијата предводена од СДСМ. Благодарам на довербата.
Како и секогаш одлучив во преден план да ги ставам опшествените интереси.
Да се биде кандидат за градоначалник на Велес, градот со посебно место и улога во историјата, просветата и културата на македонскиот народ и држава е голема чест, но и уште поголема одговорност.
Упатувам благодарност до сите анкетирани граѓани кои ми дале огромна поддршка, најголема од сите кадидати во Велес и во Македонија. Тоа е одличен знак, дека граѓанките и граѓаните на Велес без закани, уцени и притисоци знаат да направат разлика, дека умеат да ги ценат вистинските вредности и достигнувања и дека се подготвени да ги исправат големите неправди што ми беа направени на последните избори.
Особено им благодарам на сите граѓани кои силно ме поддржуваат.
Заедно ќе направиме повторно Велес да биде
– најдобра општина во Македонија,
– општина со 0 корупција,
– општина на задоволни и среќни граѓани,
– општина во која граѓаните ќе бидат во центарот на вниманието,
– општина во која младите ќе сакаат да останат и тука да создаваат,
– општина, поубава, почиста, поуредена, со здрава животна средина, посакувана општина за живеење, напредна и економски развиена,
– отворена, европска општина, со високи вредности и стандарди, со достоинствен живот,
– општина по мерка на своите граѓани, со која сите заедно ќе се гордееме,
– општина со квалитетни услуги за своите граѓани, квалитетно образование, добра социјална сигурност, еден од стожерите на културата на Македонија, град кој ќе стане посакувана дестинација за туристи и посетители.
Велес тоа го заслужува. Со одговорно, чесно и домаќинско работење, со голема посветеност и со Ваша поддршка се може да се постигне.

Фејсбук статус на Аце Коцевски

Слични содржини