Блиски луѓе на Вучиќ и Живаљевиќ, Лазански, Стоиљковиќ.. ги влечат конците во “македонското сценарио” !?

од Vladimir Zorba
662 прегледи

Еден од најдоверливите пратеници на српскиот премиер и иден претседател Александар Вучиќ Мирослав Лазански, заедно со српските тајни служби – БИА, бил  раководител медиумската пропаганда во корист на поранешниот македонски премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и на руските интереси во регионот . Ова станува јасно од документи на македонското контраразузнавање, кои беа распространети од српското истражувачко  издание КРИК  и НОВА ТВ.

Во  скратена верзија на оваа истражување се заклучува дека во “македонското сценарио” учествуваат уште и службеникот на српската амбасада во Скопје Горан Живаљевич и лидерот на српската партија во Македонија, Иван Стоиљковиќ. Живаљевич предизвика огромно тензии меѓу Србија и Македонија  поради влегувањето во парламентот за време на “крвави четврток” на 27-ми април, кога дојде до претепување пратеници, новинари, вклучувајќи и на лидерот Зоран Заев, идниот премиер на Република Македонија.

Живаљевич упадна во парламентот со првата група демонстанти и си направи “селфи” со нив. Горан Живаљевич е поранешен заменик-директор на БИА, а веќе 10 години работи како дипломат и советник во српската амбасада во Скопје. Целта на кампањата е да се поддржува руската политика и Груевски, но и да се води битка против членството на Македонија во НАТО, се вели во истрагата.

Од новинарските истражувања  станува јасно дека целата операција била предводена лично од Горан Живаљевич кој  ги поврзал Лазански и Стоиљковиќ и ги координирал сите нивни активности вклучително и написите по  медиумите. Во своите “анализи” Лазански тврди дека нередите во Македонија и Република Српска се предизвикани од САД, кои сакаат да ја спречат изградбата на “Турски поток”. Во текстовите тој  ја фали “руската воена моќ и промовира  анти НАТО” политики , се вели во истрагата за српските медиуми.

Информациите  посочуваат дека Лазански имал средби  со Груевски во март годинава, еден ден пред да биде објавена неговата колумна во српскиот весник „Политика“ со наслов „Не ја даваме Македонија“ за којашто бил насочуван од Стоиљковиќ и Живаљевиќ. Во неа авторот јасно се става на страната на Груевски и соопштува дека „излезот за кризата во Македонија се нови избори“, што впрочем е и формалното партиско барање на ВМРО-ДПМНЕ од стратот на истата. Текстот е негативен за Заев, Европската унија и САД кои што Лазански ги терети како креатори на кризата и сили кои стојат зад сценариото за федерализирање на Македонија и создавање Голема Албанија. Следниот ден оваа колумна е реобјавена во десетина македонски медиуми под контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е единствениот ваков текст. НОВАТВ идентификуваше речиси педесетина авторски текстови, интервјуа за телевизии, колумни на Лазански од почетокот на оваа година каде што секаде се повторувааат овие тези како и тезата дека ако Заев прави влада ќе има војна.

Лазански за КРИК и НОВАТВ потврди дека на почетокот на март бил во Скопје и се среќавал со Живаљевиќ и Стоилковиќ.

Минатата недела српскиот амбасадор во Скопје беше повикан на разговор во Министерството за надворешни работи поради однесувањето на Горан Живаљевич.

Иван Стоиљковиќ е пратеник во македонскиот парламент од 2002 година. Според македонските тајни служби тој “делува како националист, кој добива инструкции директно од претседателот Томислав Николиќ, БИА и други официјални лица од Србија”. “Тоа се случувало често со Горан Живаљевич кога треба да се донесат важни одлуки во парламентот или пак кога се составува влада …

Контакти му со руските дипломати без никакво сомнение потврдуваат дека тој категорично ги брани руските интереси на Балканот со цел запирање на интеграциски  процеси. Како лидер на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ во 2016 година потпишал “Декларација за воспоставување на неутрална воена зона на Балканот” заедно со рускиот претседател Владимир Путин “, се вели во документите на македонските тајни служби, на кои се повикува српското издание “Крик”. Стоиљковиќ е под посебниот надзор на службите од 2013-та година, но и покрај овој факт, Никола Груевски го прифаќа како коалициски партнер и го вклучува во пратеничките листи.

За “Крик” Лазански демантира  дека “има  настапувано само со  новинарска работа и дека нема врска со никакви служби”, а Стоиљковиќ одбива да одговара на прашањата и затвора телефони, пишува НоваТв.

Оваа истражувчка сторија е преенесена речиси во целто опкружување во регионот. Повеќе детали видете во посочените линкови.

Слични содржини