Богоевски: Тарчуловски недостапен на полицијата, Василевски да се јави на распит

од desk2
167 прегледи

По утринските апсења на Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР, надлежен за дејствување на полицијата на ткн. „крвав четврток“ цна 27 април во Собранието и повеќе пратеници, кои овозможија влегување толпа луѓе во парламентот, со што ја загрозија безбедноста на пратениците, новинарите и другите собраниски работници, пратеникот Павле Богоевски со фејсбук статус открива:

„Утрово, за својата улога во крвавиот Четврток се уапсени Митко Чавков, Горан Ангелов – Ќосето, актерот Владо Јовановски, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Мукоски, поранешниот директор на ФЗОМ Ссаше Стефановски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и уште неколкумина други.
Според неофицијални информации, во моментов Трчуловски е се’ уште недостапен за полицијата, а Василевски треба денес да се јави на распит.
#ЌеСиЛежите“, пишува Богоевски.

Тој во коментар објави и фотографија од Митко Чавков со лисици на рацете, на обвинителна клупа.

 

Слични содржини