Ние и сега сме силно посветени на овој процес, бидејќи во Европа не може да остануваат празни простори, но ќе ги искористиме можностите на претседателството, за да помогнеме во поголема мера подготовка на земјите кандидати, и, се надевам, да помогнеме и на земјите-членки и на европските институции со упатеноста  за процесите на Балканот. Ова го изјави премиерот Бојко Борисов пред лидерите од Берлинскиот процес, кои одржуваат својата четврта самит во Трст.

Бугарскиот премиер учествува по лична покана на својот италијански колега Паоло Џентилони, домаќин на настанот, во пленарната вечера за  сумарната дискусиите од средбата.

Премиерот Борисов беше срдечно пречекан од премиерот Џентилони како специјален гостин на чија помош ќе се потпира при претстојното претседателство.

Во говорот пред лидерите Борисов стави акцент на поврзување меѓу земјите од Западен Балкан кои се стремат кон членство во Европската унија, и останатите држави од континентот. Според него, тоа ќе придонесе не само во развојот на економските врски, туку  и  за градењето на доверба меѓу земјите и народите .

Според Борисов Западен Балкан треба да бидат потпомогнат  во најголема мера на оската север-југ.

Јоханес Хан: ЕУ ќе ја финансира изградбата на железничката линија Македонија-Бугарија

Тој ја  истакна критичната важност на вклучувањето на Коридорот №8 во Берлинскиот процес, поврзувањето со магистрален пат и железничка пруга на Софија и Скопје. “Поврзани инфраструктура ќе даде навистина нова перспектива за развојот на Балканот”, истакна Борисов.