Бутарис не го интересираат забелешките што кажа „Македонија“

од desk4

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, коментирајќи ги критиките што ги доби откако вчера во Скопје ја нарече земјата Македонија , рече дека тоа го остава рамнодушен.

-Чудната врева што се создаде бидејќи реков “Македонија” ме остава сосема рамнодушен. Повторното оживување на ваквите инциденти е лошо за овој обид да се развијат подобри односи. Пред да заминам разговарав со министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, кој нè поттикна да соработуваме со Скопје. Секој обид да се расипе оваа работа е исто така опасен на национално ниво, бидејќи позицијата на Грција е сложено име. Кога имаме квазипатриоти, сè што можеме да направиме е да продолжиме со спорот што мора да престане. Да го запреме спорот и да пронајдеме решение. Сите псовки што ги слушам ме остават рамнодушен, изјави Бутарис./извор Фокус

Слични содржини