По приведувањето утрово на пратениците со официјално соопштение излегоа и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од каде потврдуваат дека е издадена наредба за приведување на 36 лица.
Според соопштението на Обвинителството, лицата се приведени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Од обвинителството соопштуваат дека по разгледување и анализа на прибраниот доказен материјал обвинителството издаде наредба за 36 лица за кои ја заврши истражната постапка за настаните случени на 27 април.
Во Основниот суд Скопје 1 се уште се носат лица на распит кај судија на претходна постапка. Како што дознаваме неофицијално, еден од приведените пратеници се повикал на пратенички имунитет.
Законот за ова кривично дело предвидува затвор казна од најмалку 10 години.