Членките на ЕУ денеска заседаваат за “Брекзит”

од Vladimir Zorba

Влади на Европската унија заседаваат денеска во Брисел по прашањата на “Брекзит”.

 

Влади на Европската унија заседаваат денеска во Брисел по прашањата на “Брекзит”. Првата официјална средба на врвот без Велика Британија беше свикана од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск веднаш по 29 март, кога британскиот премиер Тереза ​​Меј официјално започна процедурата за “развод” со блокот. Еден месец подоцна лидерите треба да ја одобрат стратегијата на заедницата за соодветните преговори. “Во врска со известувањето на Велика Британија дека ќе ја напушти Европската унија, ќе се сретнеме во саботата за прв пат, за да ја прифатиме стратегија за претстојните преговори за” Брекзит “, напиша Туск во писмо до шефовите на државите во пресрет на средбата.

Настанот ќе покаже дека 27-те членки треба да бидат обединети и лидерите да дејствуваат заедно, вели уште претседателот на Европскиот совет. Тој ја  посочи желбата за тесна соработка со Лондон и истакна дека секоја идна трансакција треба да се заснова на рамнотежа помеѓу правата и обврските. Покрај тоа, според дипломатот, е потребно да се спаси “интегритетот на единствениот пазар”. Предвидено е земјите од блокот да го завршат процесот на подготовка на преговорите со Велика Британија до 22 мај. Фактичкиот почеток на практичните преговори ќе биде објавен од главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние. Доналд Туск вели дека пред да се расправа за иднината, е потребно да се решат проблемите од минатото. Тој потсети дека Брисел ќе инсистира за полни социјални гаранции за странските државјани на Островот. Исто така од суштинско значење се и сметката од 60 милијарди евра, која земјата треба да ја плати за излегувањето од заедницата, како и судбината на Северна Ирска. /  ТАСС

Слични содржини