Денеска партиите на Албанците ги финишираат преговорите за нова влада

од Vladimir Zorba

Тоа би  значело  и промени на власта и заминување на ВМРО ДПМНЕ во силна  опозиција,  која  ја напушта власта по една цела деценија владеење и управување со Македонија.

ahmeti_i_sela-777x437

Денеска , на иницијатива на Алијансата за Албанците, ќе се одржи заедничка средба на политичките партии на Албанците, на која ќе се разгледаат сите опции околу можноста за формирање на новата влада.  Средбата ќе се одржи во  13 часот во хотел Арка во Скопје, и се очекува до вечер да се има појасна слика за натамошноот финиширање на потписите за парламентарното мнозинство за нова Влада.

Тоа се исти материјали за коишто дискутираме. Верувам дискутирале и со ВМРО ДПМНЕ сега дискутираат и со нас. Доцна синоќа негде пред полноќ стигнаа материјалите, работните групи го разгледуваат материјалот и штом ќе имаме некакви информации веднаш ќе ве известиме. Она што сакам да и го кажам на јавноста, можеби ќе се повторам, за нас е се прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она коешто претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница секако имајќи го во предвид и аспектот на потребата на граѓаните и од другите малцински заедници. Тие две рамки уставно да биде издржано и одржливо и практична потреба на граѓаните сето тоа ја претставува рамката на разговорите и јас верувам дека ќе успееме да изнајдеме решение, порача вчера лидерот на опозцијата и претседател на СДСМ Зоран Заев.

(ВИДЕО) ЗАЕВ: ГИ РАЗГЛЕДУВАМЕ МАТЕРИЈАЛИТЕ, ВЕРУВАМ ДЕКА Е МОЖНО БРЗО ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ!

Објаснувајќи ги забелешките  и барањата во однос на јазикот  Заев посочува дека  очекува брзо решение

„Јас верувам дека со вака широко поставени рамки исправени со концептот едно општетство за сите верувам дека ќе се изнајде решение. Не можам да кажам кога тоа ќе се случи заради тоа што знаете дека не сме ние тие во оваа постапка коишто одлучуваат генерално. Пред се чекаме одлуки од страна на ДУИ. Еве синоќа дадоа одредено решение, го немам видено лично, но секако во најбрзо можно време ние веднаш ќе се изјасниме, одговори пред новинарите Заев.

 

За што станува збор

ДУИ го врати во СДСМ нацрт-законот за албанскиот јазик, а во прилог има и свое мислење за неколку клучни прашања кои се однесуваат на неговиот статус, спроведувањето и усогласувањето со Уставот.Кога прашањето на албанскиот јазик ќе биде прифатен од двете страни, тогаш партијата на Ахмети, се очекува да го собере претседателството за да донесе одлука за потписите.

Претходно, Ахмети се сретна и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со кој заедно ги договорија нивните забелешки за решенијата за јазичното прашање што ги предлага СДСМ. Лидерот на ДУИ рече дека пред нив е тешка одлука, а со конечни ставови најави дека ќе излезат до крајот на неделата.

Денеска Села уште еднаш ќе ги продискутираат можните излезни решенија.

СДСМ чека одговор од  партиите на Албанците кои учествуваа на последните избори и освоија пратеници,  во форма на пратенички потписи, што им се неопходни за добивање мандат за состав на нова влада.

Според извори од сите страни кои учествуваат во преговорите за формирање на коалицијата СДСМ-ДУИ, Алијанса на Албанците и БЕСА, се очекува изнаоѓање и објавување на компромисното решение кое нема да биде на штета на унитарноста на државата , а ќе отвори пат за добивање мандат и формирање нова влада и подобрување на животот на сите граѓани.  Тоа би  значело  и промени на власта и заминување на ВМРО ДПМНЕ во силна  опозиција,  која  ја напушта власта по една цела деценија владеење и управување со Македонија. Очекувањата се дека ВМРО ДПМНЕ ќе  биде сериозен  и силен контролор на идната влада на СДСМ и нивниот довчерашен колиционен партнер, по завршувањето на  преговарачкиот процес и трансферот на власта, и дека од стратегијата на нивното опозициско дејствување ќе зависи и датумот на новите предвремени парламентарни избори , кои не е исклучено да бидат многу блиску по оддржувањето на локалните избори кои се очекува да бидат некаде во средината на мај или почетокот на јуни.

Ад

 

 

Слични содржини