Џафери на работен состанок за напредувањето на Македонија на демократскиот пат во Вашингтон

од desk4

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во рамки на посетата на Вашингтон, учествуваше на работна вечера „Напредувањето на Македонија на демократскиот пат: улогата на Парламентот“.

Организатор на средбата е Националниот демократски институт, а домаќин претседателот на НДИ Кенет Волак.

На средбата присуствувале и високи преставници на УСАИД, ИРИ, Националната фондација за Демократија, ИФЕС, Атланскиот совет, консултантски куќи кои работат со Република Македонија, како и поранешниот американски амбасадор во Македонија Пол Волерс.

Слични содржини