ДИК најдоцна до 19 часот ќе ги објави конечните резултати

од desk3

Конечните резултати и симулацијата на освени пратенички мандати се очекува Државната изборна комисија да ги објави најдоцна до 19 часот. Портпаролката на ДИК Љупка Гугутчевска вели дека во моментов се врши примопредавање на материјали и оригинални записници од општинските изборни комисии на ДИК по што треба да ги верификува-јави РСЕ.

Во просториите на комисијата се уште има претставници на комисиите кои чекаат да го предадат доверливиот материјал. Рокот за приговори е 48 часа по објавувањето на првичните резултати, односно од објавувањето на последната прес конференција која беше оддржана во 3 часот по полноќ.

Според досегашните објавени резултати, бројчаникот на ДИК застана на 99,7 проценти од 3.514 од вкупно 3.524 избирачки места.

Според нивните податоци ВМРО ДПМНЕ е во предност со освоени 452.709 гласови а СДСМ има 436.469 гласа . ДУИ освои 86.812 гласа, Движењето БЕСА 57.927, Алијанса за Албанците 35.091 гласови и ДПА 31.017 освоени гласови. ВМРО за Македонија има 24.449 гласови, Левица 12.119, Коалицијата за промени и правда – трет блок 10.083, ЛП 3.840, а ПДП 1.142 гласа.

Слични содржини