Димитров се сретна со Бутарис: Потребна е зајакнета соработка со фокус на културата, образованието и невладините организации

од desk4

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров оствари средба со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој престојува во работна посета на нашата земја.

Соговорниците се согласија дека комуникацијата меѓу граѓаните на двете земји е од извонредно значење во насока на зајакнување на взаемната доверба и разбирање. На средбата се разговараше и за модалитетите за унапредување на соработката во повеќе области, вклучително и на локално ниво. Поконкретно стана збор за прекуграничната соработка, како и за потребата од зајакната интеракција со фокус врз културата, образованието и невладините организации.

Ова е втора средба меѓу министерот Димитров и градоначалникот Бутарис за помалку од два месеци на која продолжија разговорите од Солун, за прашања од заеднички интерес, како и за можниот придонес на локалните власти во рамки на Мерките за градење доверба и зближување на граѓаните од двете земји.

Слични содржини