Димитров со Жбогар за патот на Македонија кон ЕУ

од desk2

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари прва средба со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, на која се разговарало за придвижувањето на Македонија кон почеток на пристапни преговори за влез во Европската унија.

На средбата, информираат од МНР, министерот Димитров ја потенцираше подготвеноста на Владата за целосен ангажман во имплементација на клучните реформи со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори.
-­ Во таа насока, беа разгледани претстојните поважни активности од европската агенда. Придвижувањето на евроинтеграциските процеси ќе овозможи отворање на дискусија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори, како чекор кон остварување на стратешката цел на Македонија – членство во Европската унија, соопшти МНР.

На средбата, се додава во соопштението, беше искажана заедничка подготвеност задинамична соработка во насока на остварување на овие цели.

Слични содржини