Иако барањата на некои познати модни дизајнери, се изјаснија дека не ја сакаат новата прва дама на САД Мелани Трамп да ја носи нивната облека, други нивни колеги поведоа вистинска војна за тоа кој да го  изработи фустанот  за највпечатливиот  настан во нејзиниот живот – инаугурацијата како претседател на нејзиниот сопруг Доналд Трамп.
По традиција, тимови за инагурација се на американски дизајнери, соопштува “Дејли Меил”.

Топ дизајнери како Зак Позен, Би Мајкл Америка и Томи Хилфигер имаат огромната желба да го  блечат поранешниот модел Мелани Трамп.

Џин Шафироф близок на семејството Трамп, откри дека разговарал со нив за фустанот на првата дама. Барања за неговото составување упатиле уметници како од САД, така и од странство. Таа направила анкета меѓу модните кругови околу Њујоршкиот институт за мода и технологија, за да дознае кој сака да ја  облекува првата дама со словенечки корени во следните четири години.

Покрај споменатите, во битката влегуваат и Виктор де Суза и Занг Тој. Би Мајкл дури изјавил дека за него ќе биде чест да работи со идната прва дама. “Секој дизајнер кој ја облекува, ќе биде под голем притисок”, рекол тој.

Дајан фон Фурстенбург пак истакнат пред пријателката на семејството Трамп дека Мелани ќе добие ист третман како секоја друга прва дама.

Убавиот  поранешен моделот потврди дека  пимаат преференции кон марките “Долче и Габана” и “Гучи”. Таа носеше нивни тимови за време на предизборните настани на својот сопруг