Ердоган го поддржал Заев за решавање на спорот за името со Грција

од desk4

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил попладнево се сретна и со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

-Претседателот на Турција, Ердоган даде поддршка на добрососедските политики што ги води Македонија, и го поддржа процесот за решавање на спорот со Грција и оцени дека е тоа добро за Балканот и за евро-атлантските перспективи на Република Македонија. Премиерот Заев потенцираше дека за граѓаните на Република Македонија е многу важна секоја активност и инвестиција којашто
влијае на покачување на животниот стандард и отвора нови работни места во Македонија и во таа насока му се заблагодари на
претседателот Ердоган за развојот на економските односи, како и за поддршката од Република Турција за членство на Република Македонија во НАТО и ЕУ, се вели во соопштението од македонската Влада.

Ердоган ја поддржал иницијативата од премиерот Заев за зголемување на квотите за
извоз на телешко и јагнешко месо во Турција, а најавил и дека овој став ќе го пренесе на Владата на Република Турција.

Слични содржини