(ФОТОГРАФИИ) Кралицата се врати во топ форма: Бијонсе го покажа својот секси стил и убавина на црвениот тепих

од desk4

Поминаа месеци откако Бијонсе се породи со близнаците Сер и Руми. Ѕвездата ја покажа својата претходна форма, излегувајќи на добротворниот концерт на TIDAL во Бруклин во Њујорк во вторникот вечерта. Настанот им помогна на регионите кои настрадале од природните катаклизми и што се случија во последно време.

36-годишната дива ја покажа својата форма во смарагднозелен фустан, кој беше впиен околу половината, пишува Daily Mail.

Според познавачите, пејачката држи строга диета со цел да се врати на својата поранешна форма. Покрај бебињата, Бијонсе и Џеј Зи имаат уште една ќерка, Блу Ајви.

Слични содржини